• петок, 05 декември 2025

Саша Барон Коен донира 100.000 долари во хуманитарни цели

Саша Барон Коен донира 100.000 долари во хуманитарни цели
Оклахома Сити, 30 октомври 2020 (МИА) - Саша Барон Коен донира 100.000 американски долари во хуманитарни цели во Оклахома Сити во име на Џенис Џонс - бебиситерката која глумецот ја измами, односно ја изигра за потребите на „Борат 2“ и нејзината улога. Сега таа е невработена. Тоа го откри Дерик Скоби, пасторот во баптистичката црква на Џонс. Тој ќе ги распредели средствата по нејзино барање. - Парите ќе бидат искористени за засолниште, храна и помош во студените периоди и прекини на електричната енергија со кои се соочува градот во ова време, изјави отец Скоби. Донацијата на Коен следува откако пасторот отвори сметка на „Гоу-фанд-ми“ за помош на Џенис, која како и многу други во пандемијата на коронавирусот, остана без работа. За учеството во филмот, таа добила 3.600 долари.  си/гт/

Остани поврзан