Сафади: Јордан нема да стане бојно поле за никого
- Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман ал-Сафади рече дека кралството нема да биде бојно поле за ниту една земја.

Аман, 11 август 2024 (МИА) - Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман ал-Сафади рече дека кралството нема да биде бојно поле за ниту една земја.
„Актуелниот конфликт во регионот практично претставува размена на одмазднички удари меѓу Израел и Иран“, рече Сафади во интервју за телевизијата „Ал Арабија“.
Тој уште еднаш јасно стави до знаење дека Јордан нема да дозволи да се наруши нејзиниот воздушен простор. паг/
Фото: ЕПА