• недела, 22 декември 2024

Саркози осуден на една година затвор поради незаконско финансирање на изборната кампања во 2012 година

Саркози осуден на една година затвор поради незаконско финансирање на изборната кампања во 2012 година
Париз, 30 септември 2021 (МИА) - Поранешниот претседател на Франција, Николас Саркози е прогласен за виновен поради незаконско финансирање на изборната кампања во 2012 година. Саркози (66) е осуден на една година затвор, а казната ќе отслужува дома и ќе носи електронска нараквица. Тој негира какво било дело и не беше во судница за време на изрекување на пресудата. Поранешниот француски претседател е обвинет дека потрошил околу 22,5 милиони евра, речиси двојно повеќе од максималниот законски износ за кампањата за негов реизбор во 2012 година, но загуби од социјалистот Франсоа Оланд. Покрај Саркози осудени се уште 13 лица, вклучително членови на неговата конзервативна републиканска партија, сметководители и шефови на комуникациската група задолжени за организација на собири. Тие се обвинети за фалсификување, кршење на довербата, измама, и соучество во незаконско финансирање на кампања. Дел од обвинетите го признаа делото. ми/

Остани поврзан