Саранда Имери е избрана за претседателка на Форумот на жените на Демократското движење
- СООПШТЕНИЕ: Демократското Движење го формираше Форумот на жените, значаен чекор кон зајакнување на улогата на жените како во политиката, така и во општеството. На чело на овој форум е избрана пратеничката Саранда Имери, докажана лидерка и достојна претставничка на визијата на Демократското Движење за еднаквост и напредок.
Скопје, 25 јануари 2025
Демократското Движење го формираше Форумот на жените, значаен чекор кон зајакнување на улогата на жените како во политиката, така и во општеството. На чело на овој форум е избрана пратеничката Саранда Имери, докажана лидерка и достојна претставничка на визијата на Демократското Движење за еднаквост и напредок.
За Демократското Движење, според претседателот на партијата, Изет Меџити, жената претставува темел на градењето на инклузивна и прогресивна политика.
Формирањето на Форумот на жената, како што изјави Меџити, има за цел да создаде платформа која ќе го засили гласот и ќе го унапреди придонесот на жените во процесите на одлучување, инспирирајќи ги младите генерации кон лидерство.
„Претставувањето на жените во оваа партија го отсликува нејзиниот ангажман за еднаквост и зајакнување: трите пратенички на Демократското Движење во Собранието се жени, што претставува уникатен пример во домашната политика. Исто така, жени раководат и со клучни државни позиции како заменик-министерот и портпаролот на Владата“, изјави претседателот на Демократското Движење, Изет Меџити.
Форумот на жените на Демократското Движење е доказ за непоколебливата посветеност на ова Движење да создаде простори каде што жените можат да водат, да придонесуваат и да носат одржливи промени.
„Затоа што таму каде што жената е зајакната, иднината е изградена“, заклучи Меџити.
Демократско движење
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: Демократско движење