• петок, 05 декември 2025

Санчо пред трансфер во Јувентус

Санчо пред трансфер во Јувентус


Торино, 7 јули 2025 (МИА) – Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, е блиску до трансфер во Јувентус, објави денеска италијанскиот новинар Николо Шира.
Преговорите за трансферот на 25-годишниот англиски фудбалер напредуваат во позитивен правец, а двата клуба се очекува подоцна оваа недела да почнат и директни преговори.
Санчо минатата сезона ја мина на позајмица во Челзи и на 42 натпревари за лондонскиот тим постигна пет голови и запиша десет асистенции.
Санчо е во Јунајтед од 2021 година, но во меѓувреме го загуби местото во почетниот состав во клубот, како и во репрезентацијата на Англија. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан