• сабота, 23 ноември 2024

Санкционирани возачи за брзо возење во тетовско и кумановско

Санкционирани возачи за брзо возење во тетовско и кумановско
Скопје, 14 август 2022 (МИА) - Полициски службеници на територија на СВР Тетово и СВР Куманово спроведоа акциски контроли во кои се санкционирани возачи кои возеле побрзо од дозволеното. Министерството за внатрешни работи соопшти дека на подрачјето на СВР Тетово изречени се 149 мерки за брзо возење, односно 119 во Тетово и 30 во Гостивар. Од нив, 82 санкции (52 во тетово и 30 во Гостивар) се за возење со поголема брзина од максимално дозволената надвор од населено место. Тринаесет санкции се за возење со повеќе од 70 километри на час. Санкционирани се и 67 возачи (сите на територија на Тетово), кои ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, од кои пет за повеќе од 50 километри на час. На територија на СВР Куманово санкционирани се 114 возачи за брзо возење од кои 104 санкции се изречени на територија на Куманово, осум на територија на Кратово и две санкции на територија на Крива Паланка. бак/

Остани поврзан