• понеделник, 23 декември 2024

Санкции за пребрзо возење на териториите на СВР Куманово и СВР Тетово 

Санкции за пребрзо возење на териториите на СВР Куманово и СВР Тетово 
Скопје, 20 февруари 2022 (МИА) - МВР соошти дека при акциски контроли денеска се изречени повеќе санкции за пребрзо возење на териториите на СВР Куманово и СВР Тетово. -Од 12.00 до 18.00 на територија на СВР Куманово спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 121 возачи.Од нив 101 на територија на Куманово, 11 - Крива Паланка и 9- Кратово, информира МВР. При контролите на територијата на СВР Тетово, спроведени од 12.00 до 18.00 часот, санкционирани се 184 возачи. Од нив 127 на територија на Тетово, а 57 на територија на Гостивар. Од овие 184 возачи, 59 возеле со брзина од над 50 километри на час над дозволеното, а дури 11 со над 70 километри на час над дозволеното. -Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР. мч/мд/

Остани поврзан