• недела, 22 декември 2024

Санирани последиците од поплавата во Ист гејт мол

Санирани последиците од поплавата во Ист гејт мол
Скопје, 2 септември 2022 (МИА) - Водата која надојде од булеварот „Александар Македонски“ во гаражниот дел од Ист гејт мол е исцрпена. Целиот простор е саниран и се спроведени неопходните активности тој да биде функционален и безбеден, соопшти денеска прес-службата на овој трговски центар. Оттаму наведуваат дека приземјето и повисоките катови од молот воопшто не беа засегнати од поплавата, а погодените нивоа од поплавата - минус два и минус еден во молот, се подготвени да ги пречекаат посетителите. -Просторот се чисти, дезинфицира и се враќа во функција, и граѓаните може да бидат сигурни во својата безбедност.  Отворите за канализација на булеварот „Александар Македонски“ се отпушени, а од страна на техничките служби во молот преземени дополнителни превентивни и безбедносни мерки за спречување на случаи од овој тип во иднина. Центарот е подготвен за своите посетители, а отворањето ќе биде објавено на социјалните мрежи. лв/хс/

Остани поврзан