• недела, 22 декември 2024

Сампдорија три кола по стартот на сезоната го раскина договорот со Андреа Пирло

Сампдорија три кола по стартот на сезоната го раскина договорот со Андреа Пирло

Џенова, 29 август 2024 (МИА) - Сампдорија денес му додели отказ на тренерот Андреа Пирло.

Одлуката е донесена по лошиот почеток на сезоната. Тимот од Џенова освои еден бод по три кола во Серија Б. 

Италијанскиот клуб го напуштија и помошниците на Пирло, Роберто Баронио, Мауро Бертони, Никола Паварини и Рафаеле Клементе.

Четириесет и петгодишниот Пирло беше тренер на Сампдорија од минатото лето. Минатата сезона тимот го зазеде седмото место на табелата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан