• недела, 22 декември 2024

Салцбург им забрани на фудбалерите да настапуваат за своите репрезентации

Салцбург им забрани на фудбалерите да настапуваат за своите репрезентации
Салцбург, 9 ноември 2020 (МИА) -   Фудбалскиот клуб Салцбург им забрани на своите играчи да играат за националните тимови на претстојните натпревари, откако шестмина играчи о дклубот беа заразени со новиот коронавирус. Австрискиот шампион објави дека ги добил резултатите од тестовите во неделата и дека биле пронајдени шест позитивни кои деновиве требало да патуваат во своите репрезентации. „Сите покани за репрезентациите засега се одбиени“, се наведува во соопштението. Салцбург не откри за кои играчи станува збор, но нагласи дека тие се во изолација и немаат никакви симптоми. Салцбург истакна дека сите во клубот биле негативни на тестовите во петокот, пред мечот со Рапид Виена (1:1), што се одигра вчера. Следниот тест ќе се направи вечерва. Минатата недела германските клубови Вердер Бремен и Арминија Билефелд објавија дека нема да ги пуштат своите играчи во националните тимови, врз основа на правилата на локалните здравствени власти. Во Италија, Рома и Фиорентина се во изолација по неколку позитивни играчи, поради што оние кои не се заразени мораа да останат во клубот и не се приклучија на своите репрезентации. Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) минатиот месец објави дека клубовите можат да им забранат на играчите да одат во националните тимови, доколку се соочат со најмалку пет дена карантин по враќањето во своите клубови. Инаку, клубовите се соочуваат со казни доколку не ги пуштат играчите во националните тимови.

Остани поврзан