• петок, 22 ноември 2024

Сали-Тигањ: Размена на искуства во областа на трансплантацијата меѓу С.Македонија и Хрватска

Сали-Тигањ: Размена на искуства во областа на трансплантацијата меѓу С.Македонија и Хрватска
Скопје, 7 март 2022 (МИА) - Размена на искуства во областа на трансплантацијата меѓу С. Македонија и Хрватска, како и обука на здравствени работници во неколку области на здравството, беа дел од темите за кои денеска разговараа министерот за здравство Беким Сали и амбасадорката на Хрватска во земјава, Нивес Тигањ. - Овој тип средби за нас се од исклучително значење, особено земајќи ја в предвид, важноста за континуирано усовршување и едукација на медицинскиот персонал, како еден од клучните сегменти за унапредување на квалитетот на здравствената услуга за пациентите, напиша министерот Сали на својот фејсбук-профил. фф/

Остани поврзан