Салах не можеше да ги задржи солзите кога навивачите го скандираа името на Диого Жота
- Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, се расплака по победата од 4:2 над Борнмут во првото коло од англиското фудбалско првенство.
Ливерпул, 16 август 2025 (МИА) - Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, се расплака по победата од 4:2 над Борнмут во првото коло од англиското фудбалско првенство.
Триесет и тригодишниот Египќанец не можеше да ги задржи солзите кога навивачите го скандираа името на починатиот напаѓач Диого Жота.
На 3 јули, 28-годишниот Жота и неговиот 25-годишен брат загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија. зс/
Фото: ЕПА