• понеделник, 23 декември 2024

Салами открил уред кој може да идентификува заразени од коронавирус

Салами открил уред кој може да идентификува заразени од коронавирус
Техеран, 15 април 2020  (МИА) - Командантот на иранската Револуционерна гарда, генерал Хосеин Салами открил рачен уред за кој вели дека може да ги идентификува луѓето заразени со новиот коронавирус на оддалеченост од 100 метри, јави новинската агенција Тасним. Салами рече дека прецизноста на уредот е 80 проценти без наведување докази, пренесе БИ-Би-Си. - Основата на овој уред е да се создаде магнетно поле засновано на биполарен вирус во внатрешноста на уредот, така што неговата антена може да се фокусира насекаде во радиус од 100 метри  и да го идентификува заразеното место во рок од пет секунди, рече Салами. Експертите велат дека единствениот сигурен начин за тестирање на Ковид-19 е земање брис од нос или грло, кој се испраќа во лабораторија за да се утврди дали има знаци на генетски материјал на вирусот. паг/  

Остани поврзан