Сакраменто е десеттиот НБА клуб во кариерата на Шредер
- Германскиот кошаркарски репрезентативец Денис Шредер потпиша со Сакраменто, кој ќе биде неговиот десетти НБА тим во кариерата.
Њујорк, 1 јули 2025 (МИА) – Германскиот кошаркарски репрезентативец Денис Шредер потпиша со Сакраменто, кој ќе биде неговиот десетти НБА тим во кариерата.
Триесетиедногодишниот Шредер минатата сезона, која ја помина во три различни НБА лигаши, имаше просек од 13,1 поени, 2,6 скокови и 5,4 асистенции.
Минатата сезона Шредер ја почна во тренинг кампот на Бруклин, од каде во декември премина во Голден Стејт за неколку месеци подоцна да биде испратен во Детроит каде што германскиот плејмејкер му помогна на младиот состав да стигне до плејофот.
Во неговата 12-годишна НБА кариера, Денис Шредер играше и за Атланта, Оклахома, Бостон, Хјустон, Торонто и Лос Анџелес Лејкерс (двапати). ег
ФОТО: ЕПА