• понеделник, 18 ноември 2024

Саинц: Остин ќе покаже дали Ферари има шанса за титулата

Саинц: Остин ќе покаже дали Ферари има шанса за титулата

Остин, 18 октомври 2024 (МИА) - Викендов на патеката COTA ќе стане јасно дали Ферари има реални надежи за светската титула кај конструкторите во Формула 1. Ова е мислењето на пилотот на Скудерија, Карлос Саинц, кој ги прокоментира очекуваните перформанси на болидот по пакетот подобрувања.

Последните промени на СФ-24 донесоа нестабилност во брзите свиоци и појава на отскокнување, што доведе тимот да се врати на својот под од Барселона, а потоа на „Хунгароринг“ и „Монца“ да користи надградени верзии на оваа варијанта.

-Мислам дека со секоја следна трка по „Монца“, посигурни сме дека промените на нашиот болид ќе функционираат насекаде. Но, секогаш сум велел дека додека не стигнеме до Остин, каде што возиме на нормална патека, нема да можеме да го оцениме нашиот напредок во споредба со Зандворт и Спа, каде што имавме најголеми проблеми. За нас, најважниот тест сега е да видиме дали овие промени се чекор во вистинската насока. А во следните две трки ќе видиме дали ќе имаме шанси за титулата кај конструкторите, изјави Шпанецот.

Саинц потоа објасни што точно мислел со оваа споредба на силите.

-Ако во Остин, Мексико и Бразил, каде имаме постандардни патеки, почнеме да заостануваме и нашиот настап е како оној на Зандворт и Спа, јасно е дека нема да има на што да се надеваме. Да видиме како ќе бидеме во подолгите и побрзи кривини, додаде Саинц. дс

Фото: Архива

Остани поврзан