• недела, 19 мај 2024

Саем на социјални претпријатија за екопроизводи и услуги

Саем на социјални претпријатија за екопроизводи и услуги
Скопје, 1 октомври 2022 (МИА) - Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи првиот Саем на социјални претпријатија кои нудат еко услуги или производи, во организација на Здружението „Гоу Грин Скопје“. Како што соопштија организаторите, на настанот посетителите ќе имаат можност да се запознаат со „REDI Recycling“ - услуга за селекција на пластика и хартија во станбени згради, „МаМаОргана“ - природни ѓубрива, подобрувачи на почва, еко песок за миленици, „О-Круг“ - природни освежувачи на воздухот и есенцијални масла од кора од портокал, „SIEC Macedonia“ - upcycled облека и „2ndcycle“ - upcycled ламби. - Потребата за организирање на ваков тип на настани е исклучително важна поради нискиот процент на селектирање на отпадот кај нас, а големите количини на отпад во депониите. Од друга страна пак, дел од овој проблем го решаваат социјални претпријатија кои нудат решенија преку услуги и/или производи кои ја јакнат циркуларната економија и ја подобруваат заедницата, па во таа насока сакаме да ги промовираме и поддржиме, изјави Борче Кузмановски, програмски координатор на Здружението. Настанот се одржува во рамки на програмата „Reconomy“ на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), имплементирана од „Helvetas“, а со локална поддршка од Градот Скопје. бт/сп/

Остани поврзан