„Саем за кариера 2022“ во Скопје
- „Саем за кариера 2022“ ќе се одржи денеска во Скопје. Организатор на настанот е Универзитетот „Мајка Тереза“.

Скопје, 26 мај 2022 (МИА) - „Саем за кариера 2022“ ќе се одржи денеска во Скопје. Организатор на настанот е Универзитетот „Мајка Тереза“.
Конференцијата, како што најавија организаторите, ќе ја отвори ректорот на Универзитетот, проф. д-р Изет Зеќири, додека гости ќе бидат директорот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија Дрилон Исени и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили. мс/мд/