• среда, 25 декември 2024

САД: Хамас се обврза да ослободи уште 20 лица во текот на два дена

САД: Хамас се обврза да ослободи уште 20 лица во текот на два дена

Вашингтон, 27 ноември 2023 (МИА) – САД потврдија дека Израел и Газа се согласиле да го продолжат договорот за примирје – при што портпаролот за национална безбедност Џон Кирби рече дека Хамас „се обврзал да ослободи уште 20 жени и деца во следните два дена“.

Како што пренесе Би-Би-Си, Кирби процени дека осум до девет од преостанатите заложници се Американци и рече дека се надева оти Американците ќе бидат меѓу ослободените подоцна денеска.

Тој рече дека спорот околу денешните очекувани ослободувања е околу тоа „дали две мајки би можеле да излезат со своите деца“, но, според него, сега „изгледа дека тоа е решено“.

Досега е ослободена само една американско-израелска државјанка, четиригодишната Авигејл Ајдан. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан