• петок, 20 декември 2024

САД му помогнале со разузнавачки податоци и извидување на Израел откако Хезболах изврши напади со ракети и дронови

САД му помогнале со разузнавачки податоци и извидување на Израел откако Хезболах изврши напади со ракети и дронови

Вашингтон, 25 август 2024 (МИА) - СAД помогнаа во следењето на нападот со ракети и беспилотни летала лансирани од Хезболах против Израел, но не беа вклучени во одбрана од нападите во Либан или во соборувањето на проектили испукани од либанска територија, изјави претставник на американската одбрана, пренесоа американските медиуми.

„САД не беа вклучени во одвраќање на нападите врз Израел минатата ноќ. Ние обезбедивме одредена поддршка од ИСР (разузнавање, надзор и извидување) во смисла на следење на нападите од либански Хезболах, но не спроведовме никакви кинетички операции бидејќи не беа потребни“, изјави официјален претставник кој сакаше да остане анонимен.

„Продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата и остануваме добро подготвени да ја поддржиме одбраната на Израел од нападите на Иран и кој било од неговите полномошници“, додаде официјалниот претставник. зш/

Остани поврзан