• петок, 22 ноември 2024

Садење дрвца во Градскиот парк во Скопје по повод 20 години „Еко-свест“

Садење дрвца во Градскиот парк во Скопје по повод 20 години „Еко-свест“
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - По повод 20 години од своето формирање и активна работа, Центарот за истражување и информирање во животната средина „Еко-свест“ донира 20 дрвја на Скопје, со цел дополнително да ги сензибилизира носителите на одлуки, но и јавноста од важноста за систематско справување со аеро загадувањето во главниот град и земјата, како и да ја истакне важноста од континуирана заштита на животната средина и грижа за човековото здравје. - За секоја година од своето постоење „Еко-свест“ донира по едно дрво. Сите дрвја се автохтони и својствени за локалната македонска флора, а се набавени од локални расадници, информираат од Центарот. Најавуваат дека на настанот ќе присуствуваат дел од стратешките партнери и поддржувачи на „Еко-свест“. Како заеднички партнери на „Еко-свест“, Министерството за животна средина и просторно планирање и Шведската амбасада, претставници од Шведската агенција за заштита на животната средина (SWEPA) за присутните ќе поделат соодветни собни растенија. На настанот, како што најавуваат, поздравни обраќања ќе имаат министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заменик-амбасадорката на Шведска во Република Северна Макеоднија Биби Грамсон и извршната директорка на „Еко-свест“, Ана Чоловиќ Лешоска.фф/мд/

Остани поврзан