Сабаленка го повтори достигнувањето на Азаренка и Радванска на УС Опен
- Светскиот број 1, Арина Сабаленка, ја победи Швајцарката Ребека Масарова во првото коло на Отвореното првенство на САД (7:5, 6:1) и стигна до второто коло на овој турнир по осми пат по ред.
Њујорк, 27 август 2025 (МИА) - Светскиот број 1, Арина Сабаленка, ја победи Швајцарката Ребека Масарова во првото коло на Отвореното првенство на САД (7:5, 6:1) и стигна до второто коло на овој турнир по осми пат по ред.
Дваесет и седумгодишната Белорусинка стана третата тенисерка што стигнала до второто коло на Отвореното првенство на САД осум пати по ред.
Претходно, само Агњешка Радванска од Полска и Викторија Азаренка од Белорусија успеале да го сторат тоа.
Следната противничка на Сабаленка на Отвореното првенство на САД ќе биде Русинката Полина Кудерметова. зс/
Фото: ЕПА