Руте: Холандија има тоалетна хартија за наредните десет години
- Холандскиот премиер Марк Руте испрати порака до граѓаните дека нема недостиг од тоалетна хартија.

Амстердам, 19 март 2020 (МИА) - Холандскиот премиер Марк Руте испрати порака до граѓаните дека нема недостиг од тоалетна хартија.
- Холандија има доволно тоалетна хартија за наредните десет години, рече Руте.
Минатата недела, Холанѓаните масовно правеа залихи на тоалетна хартија. Полиците во продавниците постојано се дополнуваат. паг/