• петок, 05 декември 2025

Руте утре и задутре ќе биде во Вашингтон каде ќе се сретне со Трамп, Рубио и Хегсет

Руте утре и задутре ќе биде во Вашингтон каде ќе се сретне со Трамп, Рубио и Хегсет

Брисел, 13 јули 2025 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, утре и задутре ќе го посети Вашингтон и таму ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, државниот секретар Марко Рубио и министерот за одбрана Пит Хегсет, се наведува во соопштение на НАТО.

Не е наведена непосредната причина за посетата на Руте, но Трамп во неодамнешното интервју за Ен-Би-Си Њуз рече дека САД се подготвени да испорачаат оружје на Украина преку НАТО.

Тој, исто така, додаде  дека утре ќе има „важна изјава“.

Администрацијата на Трамп досега испрати во Украина само оружје што беше одобрено од поранешниот претседател Џо Бајден, цврст поддржувач на Киев.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан