• недела, 22 декември 2024

Руското Министерство за одбрана тврди дека Украина ја изгубила контролата врз Херсон

Руското Министерство за одбрана тврди дека Украина ја изгубила контролата врз Херсон
Москва, 26 април 2022 (МИА) - Руското Министерство за одбрана тврди дека Украина ја изгубила контролата врз целата област Херсон, пренесува Скај Њуз. На други места на југот на Украина, руските војници зазедоа делови од Запорожје и Миколаев, како и дел од Харков на исток од Киев, јави Интерфакс, повикувајќи се на висок функционер. Скај Њуз потенцира дека информацијата не може да се провери од независен извор. Херсон во јужна Украина е клучен пристанишен град на Црното Море кој е од големо стратешко значење за Русија. Ако војниците успеат да го заземат регионот, тие ќе можат да ја поврзат Русија со нивните окупирани територии во Доњецк и Луганск и Крим. Регионот е исто така важен затоа што таму е извор со кој се снабдува со питка вода областа, што Русите потоа би можеле да го искористат за да го обноват снабдувањето со вода на Крим. ссм/

Остани поврзан