• понеделник, 23 декември 2024

Русковска ќе ја обжали одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители

Русковска ќе ја обжали одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители
Скопје, 17 август 2022 (МИА) – Обвинителката Вилма Русковска ќе ја обжали одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Русковска за МИА потврди дека го добила решението и дека рокот за поднесување жалба е осум дена, кој почнува да тече од денеска. Обвинителката Русковска има два предмети кои се во пред истрага – едниот за Финансиска полиција и тој за станицата за технички преглед каде бил регистриран автобусот кој што изгоре во Бугарија. Токму за претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција, директорот Арафат Муареми на 8 август годинава поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против сите обвинители за кои тие сметаат дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела при постапување. Републичкиот јавен обвинител, вчера врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, како што информираа вчера од ЈОРСМ, поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда. аа/дма/

Остани поврзан