• сабота, 11 мај 2024

Русија ја прекина потрагата по затрупаните рудари во рудникот за злато „Пионир“ во Амурскиот регион

Русија ја прекина потрагата по затрупаните рудари во рудникот за злато „Пионир“ во Амурскиот регион

Москва, 1 aприл 2024 (МИА) - Руските спасувачи денеска ги завршија спасувачките операции за пронаоѓање на 13 рудари кои исчезнаа под земја пред повеќе од две недели на рускиот Далечен Исток, јавија руските медиуми, додавајќи дека спасувачите не успеале да стигнат до нив.

Рударите специјализирани за изградба на тунели се најдоа заробени на длабочина од приближно 125 метри на 18 март во рудник за злато во Амурскиот регион.

Стотици спасувачи испратени на местото на настанот се обидоа да ги расчистат урнатините и да копаат тунели до нив, но „на 1 април беше донесена одлука да се прекине спасувачката операција во рудникот „Пионир“, објави Покровски Рудник, компанијата која управува со локацијата. .

Се наведува дека резултатите од дупчењето покажале дека галериите во кои се наоѓаат рударите се полни со карпеста маса и вода. Тоа ги доведе во многу опасна ситуација и спасувачите и вработените во рудникот вклучени во спасувачките операции.

Властите претходно објавија дека спасувачките операции се отежнати поради постојаниот проток на подземна вода во рудникот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан