Русија соопшти дека таа ноќ соборила 19 украински беспилотни летала
- Руските сили за противвоздушна одбрана ноќеска уништија 19 украински беспилотни летала, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Москва, 3 ноември 2024 (МИА) - Руските сили за противвоздушна одбрана ноќеска уништија 19 украински беспилотни летала, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Шеснаесет од 19-те беспилотни летала се соборени над Ростовската област.
„Останатите беа пресретнати над регионите Белгород и Брјанск“, се наведува во соопштението на руското Министерство објавено на Телеграм. паг/
Фото: МИА архива