• петок, 17 април 2026

Рубио пристигна во Франција за состанокот на Г7

Рубио пристигна во Франција за состанокот на Г7

Вашингтон, 27 март 2026 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска пристигна во Франција за да учествува на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Г7.

Фокусот на разговорите е на војната на Блискиот Исток и нејзините економски последици на глобално ниво.

Ова е прва странска посета на Марко Рубио откако САД и Израел ја започнаа својата воена операција против Иран.

Се очекува Рубио да разговара со министрите за надворешни работи на Германија, Обединетото Кралство, Канада, Франција, Италија и Јапонија за тоа каква помош нивните земји се подготвени да им обезбедат на САД за отворање на Ормуската Теснина. мс/ссм/ 

фото: ЕПА

Остани поврзан