• петок, 05 декември 2025

Рубио му потврдил на Лами дека САД се подготвени да преговараат за мирот во Украина

Рубио му потврдил на Лами дека САД се подготвени да преговараат за мирот во Украина

Вашингтон, 3 март 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во разговор со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами потврди дека САД се подготвени да преговараат за крај на конфликтот меѓу Русија и Украина и ќе продолжат да работат со Обединетото Кралство за мир во Украина, изјави портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус.

Како што се наведува, Рубио му се заблагодарил на Лами за улогата на Лондон во поттикнувањето на Европа да обезбеди сопствена одбрана и да се залага за мир во Украина.

Разговорот меѓу двајцата министри за надворешни работи се случи еден ден по средбата на европските лидери за Украина во Лондон, која беше организирана по тензичната средба меѓу американскиот и украинскиот претседател, Доналд Трамп и Володимир Зеленски. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан