• сабота, 23 ноември 2024

Рос Браун: Формула 1 спроведува истражување за подобрување на видливоста на дожд

Рос Браун: Формула 1 спроведува истражување за подобрување на видливоста на дожд
Лондон, 4 ноември 2021 (МИА) - Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, рече дека тркачката серија се обидува да ја подобри видливоста на дожд. - Во однос на дождот, се прави истражување за прскање и видливост. Во текот на последните етапи, Пет Сајмондс и други луѓе од ФИА комуницираа со возачите - особено со оние кои пилотираа други автомобили. Фернандо Алонсо рече дека е многу полесно да се трка на дожд во спортски автомобили отколку во Формула 1 болид. Да, има шофершајбна и бришачи, но рече дека има уште еден спреј, изјави Браун, за „GPFans“. Исто така, спортскиот директор на Формула 1 зборуваше за главните проблеми во дождливото време. - Ќе проучиме каков спреј создаваат новите автомобили. Имаме неколку идеи како да ја подобриме ситуацијата. Има два големи проблеми - „аквапланинг“ и видливост. Аквапланинг се однесува на тоа како функционираат гумите во водени услови, а по одреден момент не можете да направите ништо. Но, видливоста веројатно може да се подобри. Има голем број работи што ги проучуваме - ќе видиме дали ќе имаат влијание“, додаде Браун. Годинава поради слаба видливост практично беше во прекин „Гран при на Белгија“. Пилотите не можеа да поминат ниту еден круг во тркачки режим. зс/

Остани поврзан