• среда, 22 јануари 2025

Романскиот претседател ја истакна важноста на борбата против руските хибридни напади

Романскиот претседател ја истакна важноста на борбата против руските хибридни напади

Брисел, 20 декември 2024 (МИА) - Романскиот претседател Клаус Јоханис ја истакна важноста на борбата против руските хибридни напади, кои вклучуваат дезинформации, кибер напади и манипулации преку социјалните медиуми, особено во контекст на изборите.

На Самитот на Европскиот совет, Јоханис предупреди на закани, не само за поединечни држави, туку и за демократските општества воопшто, наведувајќи ги изборите во Романија и Молдавија како клучни примери.

Романскиот претседател повика на поголема координација во ЕУ за да се развијат ефективни алатки за борба против странското влијание. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан