• понеделник, 23 декември 2024

Ријана ја повлече тужбата против својот татко

Ријана ја повлече тужбата против својот татко
Лос Анџелес, 9 септември 2021 (МИА) - Ријана завчера ја повлекла тужбата против нејзиниот татко, што таа ја поднесе од неколку причини, две недели пред да се сретнат на суд, пренесува Би Би Си. Поп-ѕвездата го обвини нејзиниот татко Роналд Фенти за злоупотреба на нејзиното име во корист на негова компанија, па во 2019 година поднесе тужба за лажно рекламирање и нарушување на приватноста. Таа, исто така, посочи дека без нејзино знаење, тој организирал турнеја низ Јужна Америка и настапи во Лос Анџелес и Лас Вегас. Судењето требаше да почне на 22 септември. Причината за повлекувањето не е наведена. Американските медиуми пишуваат дека Ријана, најверојатно, постигнала вонсудска спогодба со татко ѝ и неговиот деловен партнер. Познатата пејачка и дизајнерка, најбогатата музичарка во светот, веќе долго време е во лоши односи со татко ѝ, кој според наводите, имал и проблеми со алкохолизам и зависност од дрога. си/гт/

Остани поврзан