Ринго Стар заразен со Ковид-19
- Западните медиуми пишуваа дека, многу веројатно, се работи за Ковид-19, па сега е и потврдено дека поранешниот член на „Битлс“ е позитивен на коронавирус.

Винипег, 4 октомври 2022 (МИА) - Рок-ѕвездата Ринго Стар (82) објави дека откажува неколку концерти од својата турнеја поради болест. Западните медиуми пишуваа дека, многу веројатно, се работи за Ковид-19, па сега е и потврдено дека поранешниот член на „Битлс“ е позитивен на коронавирус.
„Потврдено е дека Ринго Стар има корона и поради тоа турнејата ќе биде одложена додека тој не закрепне. Ринго заздравува дома и се надева дека ќе се врати на настапите што е можно поскоро“, соопштија неговите менаџери. Откажани се шест настапи во Канада, закажани од 2. до 9 октомври. Познатиот музичар, како и многумина кои се заразија со коронавирусот, направил неколку тестови и неколкупати бил негативен, а дури потоа добил потврда дека ја има болеста. си/паг/