Риба од 90 години која сака да се гали
- Долга е 1,2 метри и тешка околу 18 килограми, а во музејот е донесена далечната 1938 година. Поради опасности околу крвта, полот на рибата не е официјално утврден, но се верува дека е женка.
Лос Анџелес, 1 февруари 2022 (МИА) - Во Музејскиот аквариум во Сан Франциско, САД, живее риба која, наводно, со своите 90 години стара колку што веруваат биолозите, се смета за најстарото аквариумско суштество во светот. Тоа не е сè што ја прави посебна...
Оваа австралиска дводишалка го добила името Метузалем - по библискиот човек кој живеел над 969 години. Долга е 1,2 метри и тешка околу 18 килограми, а во музејот на Академијата за наука на Калифорнија е донесена далечната 1938 година. Поради опасности околу крвта, полот на рибата не е официјално утврден, но се верува дека е женка. Нејзиниот чувар, биологот Алан Јан тврди дека оваа риба не е како другите - таа е нежно суштество кое ужива во друштвото на луѓе и во галењето.
- Понекогаш се плаши, но главно е прилично мирна. Оваа риба е единствена и по храната што ја јаде - обожава смокви, исклучиво свежи, сезонски, никогаш замрзнати, тврди тој.
- Но, исто така сака да грицка боровинки, грозје, риба, школки, ракчиња и дождовни црви, додаде Чарлс Делбек, куратор на аквариумот „Стајнхарт“.
Метузалем до пред неколку години имал и „роднина“ во аквариумот во Чикаго, чие име било „Грендед“ (Дедо). До угинувањето во 2017 година, се веруваше дека Грендед е најстарата жива риба од аквариумот...
- Сега Метузалем е најстарата!, тврди биологот Алан.
Австралиските дводишалки се загрозен вид, а во овој аквариум има уште две, по име „Средна“ (Мидијум) и „Малечка“ (Смол) - младенчиња од Метузалем. си/