• недела, 20 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Реј Моралес најново засилување на ГРК Охрид

Реј Моралес најново засилување на ГРК Охрид

Охрид, 4 јуни 2025 (МИА) – Раководството на ГРК Охрид продолжува за ангажирање нови играчи со цел создавање конкурентен тим за највисок пласман следната сезона.

Најново засилување за охриѓани за сезоната 2025/26 ќе биде најдобриот дефанзивец во Асобал лигата за 2024/2025, Ориол Реј Моралес.

Шпанецот се обврза на миниум двегодишен договор.

- Специјалистот за одбрана доаѓа по одличната сезона во Гранолерс (Шпанија) во Европската Лига и во домашниот шампионат. Реј кој има 31 година (190цм) освен во тимот на Гранолерс, 6 сезони беше дел од моќната Барселона и настапи во Лигата на Шампионите и 2 сезони во француското првенство и настапи во ЕХФ Европската Лига со тимот на Пау Аикс. Има настапи за сите младински категории за репрезентацијата на Шпанија и освоена бронза на европското првенство У21 во 2014/15. Има настапи и за моќната Шпанија на пријателски натпревари и турнир во Катар и секогаш на поширокиот состав за сениорскиот тим, објави ГРК Охрид.

Вчера за Охрид потпиша српскиот интернационалец Стефан Петриќ. зс/

Фото: ГРК Охрид

Остани поврзан