• понеделник, 23 декември 2024

Рејндерс: Унапредувањето на владеењето на правото е клучно барање за напредок во процесот на преговорите со ЕУ

Рејндерс: Унапредувањето на владеењето на правото е клучно барање за напредок во процесот на преговорите со ЕУ

Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) - Унапредувањето на владеењето на правото е заеднички приоритет и за ЕУ и за партнерите од Западниот Балкан. Тоа е фундаментална вредност на ЕУ, двигател на процесот за пристапување на земјите во Унијата, и е клучно барање за напредок во процесот на преговорите, порача еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс на заедничката прес - конефернција во Скопје со министрите за правда на Шпанија и на Северна Македонија, Мариа Пилар Лоп Куенка и Кренар Лога  Министерскиот форум ЕУ - Западен Балкан за правда и внатрешни работи.

Тој потенцира дека зајакнување на владењето на правото е комплексно прашање и бара постојани напори, а ЕК има намера да ги отовори преговорте со земјите патрнети кои побрзо ќе ги завршат реформите и ќе обзбедат транспарентен и ефикасен правосуден систем. Тоа е, рече, изводливо ако постои доверба на граѓаните и реформи за отчетност во правосудството.

-Нашите партнери  од Северна Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, БиХ и Србија сите покажаа дека се подготвени да ги реализираат тие реформи во правосудството, Важно е да се продолжи со процесот на реформи, целосно во согласност со ЕУ стандардите а за тоа е потребно да се следат препораките на Венецијанската комисија, ОБСЕ и на ЕК,  да се реализраат реформите во сите кривични судсови, да се осигури кривично гонење на предметите од висок профил на организиран криминал и корупција. Ги охрабрувам сите партнери од Западен Балкан да се заложат за опиплив напредок во оваа област за независно следење на тие предмети и имплементација на препораките на ОБСЕ, рече еврокомесарот Рејндерс нагласувајќи дека имаат финансиска поддршка од ЕУ за оваа цел. 

Во однос на напредок во заедничките активности во врска со руската воена агресија врз Украина се осврна на ефективното спроведување на рестриктивните мерки на ЕУ, замрзнување на имот и јакнење на коориднативните активности на земјите членки во однос на пакетот ЕУ санкции од октомври. Тој при тоа информира дека околу 1400 лица се наоѓаат на листата на санкции, над 20 милијарди се замрзнати и над 200 милијарди евра се мобилизирани само во ЕУ.   

Шпанската министерка Куенка истакна дека една правна држава треба да има конкинуитет, и кога правдата функционира дава гаранции на слободата. Довербата во правдата е, додаде таа, она што дозволува на земјите да растат а тоа беше и една од главните точки на дискусијата на денешната сесија на Министеркиот форум да се зајакне довербата на граѓаните во правниот систем.

-За да биде веродостојна правдата треба да биде агилна и да понуди решенија на граѓаните, но иста така треба да биде независна и способна ефикасно да ги следи случаите на корупција. За тоа се потребнио ресурси - човечки финансиски и технолошки кои ќе дозволат да се работи на ефикасен начин...Борбата против корупцијата и организираниот кирминал мора да биде главниот столб на правдата за обезбедување на правилно функционирање на демократијата. Добри, јаки и способни правни системи и нашата посветеност на нив за соочување со предизвиците ќе не води до 2030 година, порача Куенка.

Министерот за правда Лога истакна дека владеењето на правото е високо на агендата на ЕУ и на земјите од ЗБ а реформите кои ги спроведуваме во континуитет се во насока на зајакнување и унапредување на независноста, ефикасноста и одговорноста на правосудсниот систем како предуслов за стабилно демократско општество. Тој при тоа подвлече дека важноста за подорбување на ефективното процесуирање на случаите на висока корупција и организиран криминал често е критична за зајакнување на довербата на граѓаните во системот и владеење на правото.

-Ја изразувам нашата посветеност за постигнување напредок во оваа област вклучително и преку имплементација на препораките од проектот за регионален мониторинг на судења на ОБСЕ, рече меѓу другото Лога.

Дводневниот Министерски форум ЕУ - Западен Балкан за правда и внатрешни работи, се одржа во рамки на шпанското претседателство со Советот на Европската Унија, а на него учествуваа министри за правда и внатрешни работи на државите од Западен Балкан и на државите на ЕУ кои го претставуваат актуелниот претседавач Кралството Шпанија и наредните две држави претседавачи Белгија и Унгарија, европските комесари кои се надлежни за внатрешни работи и правда, директорите на европските агенции – Европол, Фронтекс и Европравда, како и други високи претставници на меѓународните организации од областа на правда и внатрешни работи. вг/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан