• недела, 22 декември 2024

Речјел Стојанов избрана за спортистка на Битола за 2020 година

Речјел Стојанов избрана за спортистка на Битола за 2020 година

Битола, 27 февруари 2021 (МИА) - Рејчел Стојанов, македонска репрезентативка во ритмичка гимнастика, кандидат за олимписките игри во Токио и членка на клубот за гимнастички спортови „Партизан“ од Битола, избрана е за спортист на годината во тој град.

Сојузот на спортови на Битола на традиционалниот 56. по ред избор, ги прогласи најдобрите спортисти за 2020 година, а највисокото признание и припадна на гимнастичарката Рејчел Стојанов која постигнува големи резултати на меѓународната сцена, а во текот на минатата година таа посебно се истакна на светски натпревар во ритмичка гимнастика што се одржа во Москва.

Сојузот на спортови-Битола на синоќешниот промотивен настан во овој град, за најдобар спортист младинец го прогласи Михаил Богдановски, велосипедист од ВК „Пелистер“, а награди добија долгогодишните работници во областа на спортот Владо Блажиќ, Кире Марков, Љупчо Спировски и Петар Упалевски.

Со одлука на битолскиот Сојуз на спортови, специјално признание им беше доделено на градоначалничката Наташа Петровска и бизнисменот Силјан Мицевски кои успешно ја реализираат платформата за развој и враќање на сјајот на ракометот во Битола. мт/зс/

Остани поврзан