• недела, 22 декември 2024

Репрезентативецот Чурлинов: Среќен сум што повторно играм фудбал

Репрезентативецот Чурлинов: Среќен сум што повторно играм фудбал

Скопје, 9 октомври 2023 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација вечерва на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје го одржа првиот тренинг од мини подготовките за евроквалификацискиот дуел против Украина в сабота во Прага.

Од повиканите репрезентативци недостасуваа Ваљон Етеми и Елиф Елмас кои вечерва ќе пристигнат во тимската база.

Повратникот во најдобрата селекција, Дарко Чурлинов вели дека е среќен што повторно може да игра фудбал по здравствените предизвици, а уште посреќен што е дел од македонската репрезентација. Фудбалерот на англиски Барнли истакна дека „црвено – жолтите“ против Украина ќе треба да го потврдат квалитетот за да остварат позитивен резултат.

„Минав низ тежок период и одлично е чувството што повторно сум на терен. Среќен сум што повторно играм фудбал и пресреќен што сум дел од македонската репрезентација. Овде сме сите еден за друг. Знаеме со каков квалитет располага оваа селекција и без разлика на противникот тоа треба да го покажеме на терен“, изјави Чурлинов. ег/ир

Фото: ФФМ

Остани поврзан