Репрезентативецот Манев нов фудбалер на Нови Пазар
- Македонскиот фудбалски репрезентативец Јован Манев ќе настапува до крајот на сезоната во редовите на српскиот прволигаш Нови Пазар како позајмен фудбалер од хрватскиот шампион Риека.
Нови Пазар, 19 август 2025 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Јован Манев ќе настапува до крајот на сезоната во редовите на српскиот прволигаш Нови Пазар како позајмен фудбалер од хрватскиот шампион Риека.
На крајот од сезоната Нови Пазар ќе има право да потпише перманентен договор со македонскиот дефанзивец чиј договор со актуелниот шампион на Хрватска трае до лето 2027 година.
Во текот на својата кариера, 24-годишниот Манев играше за Адана Демирспор, Осиек, Брегалница и Осогово, додека за македонската сениорска репрезентација досега собра 11 настапи и постигна еден гол.ег
ФОТО: ФФМ