• петок, 22 ноември 2024

Репортери без граници поднесе тужба против саудискиот принц поради убиството на Кашоги

Репортери без граници поднесе тужба против саудискиот принц поради убиството на Кашоги
Берлин, 2 март 2021 (МИА) - Организацијата Репортери без граници поднесе тужба во германското Јавно обвинителство против саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман и други високи владини претставници за убиството на новинарот Џамал Кашоги, соопши судот. Во тужбата напишана на околу 500 страници, поднесена до германскиот федерален суд во Карлсру, при што се укажува на неосновано притворање на повеќе од 30 новинари и убиството на колумнистот на Вашингтон пост, Џамал Кашоги во Конзулатот на Саудиска Арабиија во Истанбул во 2018 година. Принцот Мухамед бин Салман негира каква било вмешаност во убиството на Кашоги. Репортери без граници наведе дека „тие кои се одговорни за прогон на новинарите во Саудиска Арабија, вклучително и убиството на Кашоги мора да одговараат за своите злосторства“. ми/

Остани поврзан