• недела, 22 декември 2024

Реплика на легендарниот „Лотус 49" како гејмерски симулатор

Реплика на легендарниот „Лотус 49

Лос Анџелес, 10 декември 2024 (МИА) - Рачно изработена и уникатна реплика на легендарниот Формула-1 болид „Лотус 49" од 1967 година, којшто е во вистинска големина, доби функција на симулатор за видеоигри.

Дел од репликата е и компјутер „Скен ПЦ 3x3“ со графичка картичка „Н-видија џи-форс ге-те-икс 1660“ поврзан со 50-инчен „Филипс“ екран со рамен екран. Репликата е долга 2,8 метри и широка нешто повеќе од еден метар. Содржи и мотор со директен погон, којшто генерира околу 20 њутн-метри во вртежи. Има и менувач и електронски прилагодлива кутија со три педали. Внатрешноста ја комплетираат седиштето обложено со кожа и црвениот „Лотус“ волан.

Треба да се каже дека симулаторот не е во совршена состојба, бидејќи има неколку гребнатини и оштетувања. Неодамна беше ремонтиран, а е наменет за аукција.

Репликата на болидот е произведена во 2018 година како демонстрација за класични тркачки симулатори. Надворешноста ѝ е зелена, со црвени и жолти мотиви. Се одликува со препознатливото ветробранско стакло, два ретровизори и оригинални „Данлоп“ гуми на предните тркала од фиберглас.  си/

Фото: Фејсбук-објава, фотоисечок

Остани поврзан