• понеделник, 23 декември 2024

Рекорд во БиХ: 103-годишник 80 години зема пензија

Рекорд во БиХ: 103-годишник 80 години зема пензија

Белград, 12 јули 2022 (МИА) - Највозрасниот корисник на Фондот за пензиско осигурување на Република Српска има 103 години, а прима пензија 80 години, изјави директорот на Фондот, Младен Милиќ. Тој појасни дека се работи за човек кој ова право го добил како дете и младо лице со попреченост.

- Од година во година имаме растечки тренд на траењето на правото на пензија, што во мигов е 17,5 години во просек за сите 273.300 корисници на пензија - што е речиси две години подолго отколку пред две десетлетија, додаде Милиќ.

Според него, меѓу факторите кои влијаат на тоа, се големиот напредок на медицината и лекувањето, на технологијата, условите за работа и поудобниот начин на живот.  си/

Остани поврзан