• сабота, 21 декември 2024

Реконструкција на санитарните јазли во деветолетката „Ванчо Прке“ во Делчево

Реконструкција на санитарните јазли во деветолетката „Ванчо Прке“ во Делчево
Делчево, 12 октомври 2022 (МИА) - Започна реконструкцијата на санитарните јазли во oпштинското основно училиште „Ванчо Прке“ во Делчево. Инвестицијата на реконструкцијата е на Министерството за образование и наука, а вредноста е 6,6 милиони денари.
-Согласно со проектот, реконструкцијата предвидува промена на водоводната инсталација, поставување нова санитарна опрема и плочки во постоечките 12 тоалети во училиштето, а предвидена е и изградба на два тоалети за ученици со посебни потреби, информираа од Општина Делчево.
Денеска на увид во градежните работи беше градоначалникот Горан Трајковски кој истакна дека со реализацијата на овој проект се решава горливиот проблем со санитарните јазли во училиштето, а значително се придонесува и за подобрување на хигиенските услови во училиштето.
-Реализацијата на овој проект е продолжување на досегашните инвестиции кои се во насока на осовременување на условите за работа во училиштето. Паралелно со реконструкцијата на санитарните јазли, со средства од Договор со ТАВ, интензивно се работи и на изградба на енрегетско-ефикасна фасада во ООУ „Ванчо Прке“, а се гради и комплетно нов кров во делот од училиштето оштетен од невремето. Нашата интенција како локална власт и со поддршка на централната власт и МОН е да направиме современи училишта, каде ќе има одлични услови за работа и за натпревар во знаења, истакна Трајковски.
Како што потенцираше директорот Горан Велков, училиштето прв пат ќе добие санитарни јазли наменети за ученици со хендикеп, а училиштето веќе изработува нов проект за инсталирање лифт со што ќе се овозможи полесен пристап до вториот кат од училиштето. вс/сст/

Остани поврзан