• петок, 22 ноември 2024

Реконструкцијата на старата џамија во Равен ќе заврши во 2023 година

Реконструкцијата на старата џамија во Равен ќе заврши во 2023 година
Гостивар, 6 јули 2022 (МИА) - Проектот за реставрација и заштита на старата џамија во гостиварското село Равен ќе заврши наредната година, најавија денеска од Конзерваторски Центар Гостивар по увидот на работите од втората фаза. Од Конзерваторскиот центар, институција која спроведува активности за реставрација, потенцираат дека овој објкет, кој е ставен под заштита на културното наследство, ќе биде целосно обновен. Тој е еден од позначајните проекти на кои се работи изминатите пет години. - Според оперативниот програмски план на Конзерваторскиот центар Гостивар, старата џамија во Равен ќе биде целосно обновена и ќе блесне со својот автентичен изглед. Во оваа прилика сакам да потсетам дека нашата мисија е да ги зачува малиот број на објекти кои останале со вредности на културно наследство, како Беговата куќа, комплексот на Саат џамија, куќите на семејствата Чако и Канчески, старите џамии, цркви, стара селска архитектура, археолошки локалитети во гостиварско, рече Хирије Саити, директорката на Конзерваторски центар Гостивар. Поддршка и во третата фаза која опфаќа обнова на фасадата и внатрешноста на објектот што датира од 19 век и важи еден од постарите во Гостиварско, најави и државниот советник за културно историско наследство Афет Јашари - Работите на џамијата која е дел од заштита на културно наследство во континуитет ќе бидат поддржани од Министерството за култура и за 2023 година, со цел да се врати стариот сјај на џамијата и таа да биде дел од туристичката понуда на овој регион, рече Јашари. Како што информираа од конзерваторскиот центар информираа дека за оваа година (2022), одобрени се 11 проекти од Министерството за култура и се дел од годишната програма: археолошки ископувања во три калиња, валоризација на селото Вруток, одржување на стари објекти кои се под заштита на културното наследство, како Медресата, Саат кулата, и портата на комплексот Саат-џамија, реставрација на дел од Беговата куќа, заштита на фреските и иконите во црквата Свети Димитрија. згм/цр

Остани поврзан