• вторник, 24 декември 2024

Регионална лига со учество на македонски боксери стартува во април

Регионална лига со учество на македонски боксери стартува во април
Белград, 20 февруари 2021 (МИА) – Македонските боксери ќе биде дел од новоформираната Регионална лига што ќе започне во април со учество и на боксерските федерации на Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Декларацијата за соработка на шесте балкански боксерски федерации, врз основа на која ќе стартува регионалното натпреварување, беше потпишана во петокот во Белград, во присуство на претседателот на Светската боксерка федерација Умар Кремлев. Делегацијата на Македонската боксерска федерација ја предводеше претседателот Примислав Димовски. Предвидено е да биде одржана „Гран при серија“ од 15 големи боксерски турнири, по примерот на прочуената „Златна ракавица“ во Белград и престижниот „Златен гонг“ во Скопје. -Припаѓам на генерацијата, која растеше покрај прочуените боксери Парлов, Бенеш, браќата Качар, Русевски, Мавровиќ. Верувам дека повторно можеме да создадеме некои нови херои, кои ќе бидат идоли на новите генерации, изјави заменикот градоначалник на Белград, Горан Весиќ, на средбата со челните луѓе на регионалните боксерски федерации. ег/аа/

Остани поврзан