• недела, 22 декември 2024

Реал најскап фудбалски бренд на светот

Реал најскап фудбалски бренд на светот
Лондон, 18 мај 2021 (МИА) - Британската консултантска компанија „ Brand Finance“ претстави рејтинг на најскапите фудбалски брендови во светот. Првото место, како и минатата година, му припадна на Реал Мадрид, иако вредноста на брендот падна од 1,572 милијарди на 1,499 милијарди долари. Второто место на рангирањето го задржа Барселона, чија вредност на брендот изнесува 1,487 милијарди долари. Третото е Манчестер јунајтед со вредност 1,327 милијарди. Во Топ 10 најскапи клубови на светот се најдоа и: Манчестер сити (1,313 милијарди), Баерн Минхен (1,255 милијарди), Ливерпул (1,143 милијарди), ПСЖ (1,042 милијарди), Челзи (904 милиони), Тотенхем (849 милиони) и Арсенал Арсенал (792 милиони). зс/

Остани поврзан