Реал Мадрид по убедливиот пораз од ПСЖ се откажува од тројца играчи
- Убедливиот пораз во полуфиналето на Светското клупско првенство од ПСЖ најверојатно ќе значи и последен натпревар за „кралскиот клуб“ за тројца играчи
Мадрид, 11.јули 2025 (МИА) - Убедливиот пораз во полуфиналето на Светското клупско првенство од ПСЖ најверојатно ќе значи и последен натпревар за тројца играчи од „кралскиот клуб“.
Од порано беше јасно дека тоа може да биде и последниот натпревар за Лука Модриќ, кој ќе продолжи во дресот на Милан, но новиот тренер Чаби Алонсо нема да смета на уште тројца играчи кои сака да ги продаде.
На „излезна врата“ се: Родриго, Дани Себалос и Брахим Диаз. Според шпанските медиуми играчите не се во комбинација кај тренерот Алонсо, а со нивна продажба можни се купувања на нови играчи. мн/
Фото: ЕПА