• понеделник, 23 декември 2024

Реализиран Меѓународниот планинарски марш ,,Голак 2022"

Реализиран Меѓународниот планинарски марш ,,Голак 2022
Делчево, 12 септември 2022 (МИА) - Во организација на планинарскиот спортски клуб „Голак“ викендов во Делчево се одржа традиционалниот планинарски марш „Голак 2022“.
Маршот, како што информираше претседателот на клубот, се одржа осми пат со крајна цел до врвот Чавка.
-Маршот започна од град Делчево на 595 метри надморска висина, потоа се движевме низ месностите Ветровити Рид, Богородичка Полјана, Милосова Чешма, Стари Голак, Спортски Терени Врв Чавка и Врв Мала Чавка (Св.Пантелејмон) на 1508 метри надморска висина. Потоа се вративме по друга патека со што ја заокруживме маршрутата во вкупна должина од 24 километри, рече Чучуковски.
Во рамки на Меѓународниот планинарски марш учествуваа планинари од повеќе планинарски друштва од земјава и од Бугарија.
-Имавме учесници од повеќе планинарски друштва меѓу кои Осогово од Ќустендил и Рилски Турист од Самоков (Р.Бугарија), потоа Кожуф, Гевгелија, Бистра, Скопје, Даб, Дојран, Лисец, Штип, Национални шуми, ГОЛАК Делчево, како и планинари од Зрновци, Берово и Делчево. Голема благодарност до сите учесници, посебно на нашите членови од ПСК ,,Голак” Делчево предводени од младинците во клубот, додаде Чучуковски.
Маршот како што додаде се одвивал по идеални временски услови без проблеми по самите учесници. вс/мд/

Остани поврзан