• понеделник, 25 ноември 2024

Реакција на Алијанса за Албанците за игрите на среќа

Реакција на Алијанса за Албанците за игрите на среќа
Скопје, 20 април 2022 Алијанса за Албанците ја информира јавноста дека за нас приоритет е животот, здравјето и економската состојба на граѓаните, посебно кога се работи за бизнисите коишто немаат продуктивност и не носат бенефит за општеството. Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) во нивната реакција изразиле загриженост дека земјата нема хотели со пет ѕвезди. Првично оваа информација не е точна и од ова произлегува дека тие не знаат што е хотел со пет ѕвезди. И покрај тоа, ние проценуваме дека ако тие сакаат да работат, освен што тоа треба да го прават подалеку од населените места и институциите, тие придобките треба да ги претворат во инвестиции, стотиците милиони што ги земаат од граѓаните. Ова најдобро можат да го направат инвестирајќи во хотели со пет ѕвезди. Вака ќе го решат и “проблемот“ со 10 иљада вработени за коишто велат дека ќе останат без работа, вработувајќи ги истите во хотелите со пет ѕвезди. Другиот аргумент беше дека државата има корист од 280 милиони евра годишно. Ако се пресмета дека тоа доаѓа од 18% ДДВ тогаш излегува дека сопствениците на игрите на среќа имаат приходи над 1 милијарда евра годишно. Тоа пак покажува колку чисти пари добиваат од граѓаните без никаков поврат во вид на инвестиции или други форми. Милијарда евра е повеќе од доволно за инвестирање во хотели со пет ѕвезди и добра можност што преку хотелиерството и туризмот, на попрофитабилен начин да заработат и тие и државата и граѓаните. И конечно, ако не сакаат да инвестираат и ако нема хотели со пет ѕвезди, нека се затворат обложувалниците и казината и нека им се остават 1 милијарда евра на граѓаните и нека се потрошат за покорисни цели. Алијанса за Албанците ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан