• сабота, 04 мај 2024

Рајан Рејнолдс успеа да ѝ го врати украденото мече на сопственичката

Рајан Рејнолдс успеа да ѝ го врати украденото мече на сопственичката
Ванкувер, 30 јули 2020 (МИА) - Канадскиот глумец Рајан Рејнолдс со својот повик ѝ го врати украденото мече со сентиментална вредност на сопственичката. Рејнолдс пред неколку дена на Твитер повика и понуди награда од 5.000 долари за оној што ќе ѝ го врати мечето со касетофон на Мара Соријано, која всушност не е дете. На играчката за последен пат е снимен гласот на нејзината мајка, која починала минатата година од рак, а се снимала себеси пред да замине в болница. Последната порака на мајката гласи: „Те сакам. Горда сум на тебе. Секогаш ќе бидам покрај тебе.“ Името на пронаоѓачот не се соопштува. си/гт/

Остани поврзан